Блог
Семинар за добиточна храна 2026
Семинар за исхрана во живинарството и свињарството, одржан во Велес во соработка со Andnutrition од Шпанија и Alpex од Србија.
На 6 октомври 2026 година, во Хотел Гардениа во Велес, се одржа семинар за добиточна храна наменет за живинарството и свињарството. Семинарот беше организиран заедно со фирмите Andnutrition од Мадрид, Шпанија и Alpex од Силбаш, Србија, а на него присуствуваа над 50 фармери и професори од нашите факултети.
Предавачи на семинарот беа DVM Gerard Horta од Шпанија и проф. д-р Драган Милиќ, DVM, од Србија. Темите беа посветени на превентивната заштита на животните во организираните фарми преку употреба на адитиви во исхраната, без користење на антибиотици во здравствената заштита и превенцијата.
Презентациите предизвикаа голем интерес кај присутните, што се виде и преку бројните прашања и дискусиите на презентираните теми.
Голема благодарност до Andnutrition – Шпанија, Alpex – Србија, гостите и предавачите за успешно одржаниот семинар.