БИОСИГУРНОСНИ МЕРКИ за спречување на влез на афричка свинска чума

  • Контролиран влез на фарма само на неопходен персонал и користење на заштитна облека и обувки
  • Секојдневно перење на заштитната облека на мин 60°C, бидејќи вирусот се уништува на оваа температура во траење од 30 мин.
  • Дезбариери за дезинфекција на обувки и раце поставени на влез во фарма и секој објект
  • Ограничен пристап и темелна внатрешна и надворешна дезинфекција на возилата, како и на подвозје и калници. Чистењето на превозните средства темелно да ги острани остатоците од измет
  • Спречување на влез на инсекти, глодари, кучиња и мачки (огради и мрежи), редовна дезинсекција и дератизација
  • Засилено чистење и дезинфекција на објектите, околината и опремата
  • Набавка исклучиво на животни со познат здравствен статус
  • Редовна контрола на здравјето на животните, водата, храната. При секоја промена т.е. појава на симптоми кај свињите како висока температура, смален апетит, слабост, проливи, повраќање, сино-црвенкасти дисколорации на кожата да се извести надлежниот ветеринар односно инспектор