Аграр Трејд стана член на семејството “Зелени Компании“


Како општествено одговорна компанија во ова време на светска енергетска криза, на кровот од своите капацитети Аграр Трејд инсталираше сопствен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија, поддржувајќи го производството на чиста енергија создадена од обновливи извори. На овој начин 90% од вкупните енергетски потреби на нашата фирма ги задоволуваме од сопствено производство. Инвестицијата во фотоволтаици е инвестиција во здрава животна средина.