Вработените од Аграр Трејд активно учествуваа на 4тиот Симпозиум за свињарство во организација на реноминирата фирма Vethellas, производител на премикси, ветеринарни лекови, репроцентар за свињарство, со која Аграр Трејд има долгогодишна соработка за дистрибуција на нивни производи на македонскиот пазар.
Симпозиумот се оддржа на 23/24 септември 2016 во Платамона, Грција со учество на повеќе од 60 посетители од Грција, Велика Британија, Република Србија, Руска Федерација и Македонија.
Повеќе реномирани професори од универзитетите од Грција како и гости од Велика Британија и Русија оддржаа презентации на повеќе теми во областа на свињарството.
Повеќе информации на линкот.